logo
logo
logo

Модерни услови за обуки: Нов изглед за полициската станица Бит Пазар

Vecer | 19.03.2026

Модерни услови за обуки: Нов изглед за полициската станица Бит Пазар

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, денеска официјално ја пуштија во употреба целосно реновираната конференциска сала во полициската станица Бит Пазар.

Реконструкцијата на салата е реализирана како заедничка иницијатива помеѓу Министерството за внатрешни работи и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, при што ОБСЕ обезбеди опрема и материјали, а Министерството ги спроведе градежните активности.

Министерот Тошковски истакна дека вложувањето во инфраструктурата на полицијата е директно вложување во нејзината ефикасност и професионалност.

„Со оваа инвестиција создаваме подобри услови за работа, обука и координација на полициските службеници. Кога институциите располагаат со современи и функционални капацитети, тие можат поефикасно да одговорат на потребите на граѓаните. Ова е уште еден пример како преку партнерство и заедничка посветеност се зајакнуваат институционалните капацитети“, истакна министерот Тошковски.

Амбасадорот Вал нагласи дека оваа иницијатива е резултат на успешна и практична соработка меѓу двете институции.

„Оваа реконструкција е јасен пример за тоа што може да се постигне кога институциите работат заедно со заедничка цел. Со подобрување на условите за работа, се создава простор за професионален развој, обуки и унапредување на соработката, што директно придонесува за посилни и поефикасни институции“, потенцираше амбасадорот Вал.

Реновираната конференциска сала ќе се користи за обуки, координациски состаноци и други службени активности, со што ќе придонесе за зајакнување на оперативните капацитети на полициската станица и подобрување на секојдневното функционирање.

Овој проект претставува конкретен пример за успешна соработка и заедничка заложба за континуирано унапредување на условите за работа и професионалните стандарди во Министерството за внатрешни работи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk