logo
logo
logo

Поведена постапка против едно лице за сообраќајна несреќа во Марино

Vecer | 14.09.2025

Поведена постапка против едно лице за сообраќајна несреќа во Марино

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 36-годишник од Гевгелија осомничен за -Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 3 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, околу 1 часот по полноќ денеска, во селото Марино, управувал автомобил „Хјундаи тусон“ спротивно на член 25 став 1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, така што со возилото најпрво преминал на левата страна од коловозот, а веднаш потоа свртел во десно, без претходно да се увери дека тоа може да го направи без опасност по другите учесници во сообраќајот. Како резултат на тоа, при наглото свртување, во десниот страничен дел од возилото со кое управувал удрил мопед „Јијинг“ без истакнати регистарски ознаки, управуван од 16-годишен малолетник. Од ударот, возачот на мопедот и неговата 13-годишна сопатничка, кои во моментот на несреќата не носеле заштитни кациги, се здобиле со тешки телесни повреди. Со полесни телесни повреди се здобил сопатникот во автомобилот „Хјундаи тусон“, стои во соопштението на ЈО.

Со извршените анализи, кај двајцата возачи по несреќата не е утврдено присуство на алкохол или други супстанции во крвта. По наредба на јавен обвинител ќе се изврши сообраќајно вештачење, а автомобилот и мопедот се подигнати за вонреден технички преглед.

Имајќи ги предвид сите околности, со цел обезбедување на присуството на осомничениот и непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител предложи да се определат мерки на претпазливост – привремено одземање на патна исправа и привремено одземање на возачката дозвола, соопшти ОЈО.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk