logo
logo
logo

„КЛЕПАЛО“ СТАНУВА РЕАЛНОСТ - Порта за развој на туризмот во Малешевијата

Vecer | 23.04.2026

„КЛЕПАЛО“ СТАНУВА РЕАЛНОСТ - Порта за развој на туризмот во Малешевијата

Проектот за изградба на новиот граничен премин меѓу Македонија и Бугарија, „Струмјани – Берово“, влегува во клучна фаза откако Министерството за животна средина на Бугарија ги одобри неопходните еколошки процедури. 

Во моментов се врши последна координација помеѓу царинските и граничните служби за инфраструктурните барања на самиот премин. Веќе е одобрена и трасата на патот до границата во должина од осум километри, при што е избрана покуса и еколошки поприфатлива опција. 

Од македонска страна, Царинската управа уште во октомври 2024 година ги започна подготвителните активности за преминот познат како „Клепало“. Овој дел од инвестицијата изнесува 3,7 милиони евра, од кои најголемиот дел се обезбедени преку грант од ИПА 3 програмата на Европската Унија за прекугранична соработка, додека остатокот е национално кофинансирање.

Оптимистичките најави се дека преминот ќе биде целосно оперативен до крајот на 2029 година. Иако постојат одредени загрижености за временските рокови на програмскиот период, локалните власти се решени да го завршат проектот навреме. Отворањето на овој граничен премин се очекува драстично да ја подобри регионалната поврзаност, да го поттикне економскиот развој и да отвори нови можности за туризмот во Малешевскиот регион.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk