logo
logo
logo

Мицкоски: Апатичноста е најголем сојузник на оние кои немаат добри намери кон државата, не им помагајте со седење дома

Vecer | 17.10.2025

Мицкоски: Апатичноста е најголем сојузник на оние кои немаат добри намери кон државата, не им помагајте со седење дома

Премиерот Христијан Мицкоски, обкави јавно обраќање до оние кои се чувствуваат разочарани.

„Апатичноста е најголем сојузник на оние кои немаат добри намери кон државата. Не им помагајте со седењето дома. Излезете!“, вели Мицкоски во пораката.

Премиерот додава дека нивниот глас е одлучувачки.

„Излезете и гласајте за развој, за проекти. Со сите наши предизвици, грешки и победи се бориме за нашата заедничка татковина Македонија каква ја заслужувате и ќе дадеме сè од себе за да не ве разочараме.

Времето на Македонија допрва доаѓа. За вашето, за твоето место, за вашата, за твојата иднина“, порачува Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk