logo
logo
logo

ГЛУПАВОТО ПОПРЕЧУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА НА ПАТОТ КОН ЕУ МОРА ДА ПРЕСТАНЕ! Новата бугарска влада треба да се засрами

Vecer | 22.05.2026

ГЛУПАВОТО ПОПРЕЧУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА НА ПАТОТ КОН ЕУ МОРА ДА ПРЕСТАНЕ! Новата бугарска влада треба да се засрами

Поранешниот германски министер за Европа, Михаел Рот, остро ја критикува Бугарија поради нејзиниот однос кон Македонија и блокадата на нејзиниот европски пат.

„Глупавото попречување на патот на Македонија кон Европската унија од страна на Бугарија е неодговорно и мора веднаш да престане. Тоа ја ослабува ЕУ, го дестабилизира Западен Балкан и им користи единствено на Русија, Кина и другите авторитарни актери. Новата бугарска влада треба да се засрами“, напиша Рот на платформата Икс.

Неговата реакција уследи откако бугарското МНР го пренесе ставот на министерката Велислава Петрова-Чамова во кој стои дека тоа бил „еден од најјасните институционални одговори досега во врска со ставот на Софија за пристапување на Северна Македонија кон ЕУ“. Во него се наведува дека „Бугарија го смета европскиот консензус од јули 2022 година за целосно обврзувачки и отфрла секаков обид за негово реинтерпретирање или заобиколување“.

Македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска се сретна со бугарската колешка Велислава Петрова, по што МНР соопшти дека тој ѝ укажал на Петрова дека за јазикот, идентитетот и културата не може да се разговара. Според соопштението, Муцунски исто така го покренал и прашањето на македонското малцинство во Бугарија и пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Петрова-Чамова на министерскиот состанок на НАТО во Шведска имаше средба и со германскиот шеф на дипломатијата Јохан Вадепул кој порача дека „проширувањето е геополитичлка неопходност и дека (ЕУ) се стреми кон зголемен моментум“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk