Судбина си е судбина но, за голем дел од животот сами решаваме како ќе го организираме и каков ќе ни биде. Се уште има луѓе кои и на прилично голема возраст умеат да најдат смисол, инетрес за себе и да бидат активен дел од заедницата.
На 90 години дедо Дане од Штип, со својот велосипед минува и по 20 километри за да набере чист кантарион за неговите купувачи. Оваа лековите билка тој ја собира покрај реките, дури и мегу капаините, далеку од загадени места.
Свежиот кантарион го продава по 40 денари за врзаница, а интересот кај граѓаните не стивнува. Вели штипјани го земаат за зејтин, за масажи или пак за плажа. Тоа што нема да го продаде веднаш, го суши и го продава во зимските месеци. И покрај возраста, дедо Дане секој ден е во природата и не се откажува од својата работа.
Дедо Дане вели дека луѓе го бараат и од други држави, за совет околу лековитите билки и природните лекови што самиот тој ги прави. Покрај продажбата, тој несебично го споделува своето долгогодишно искуство и знаење. Најмногу жали што засега нема кој да го наследи и да ја продолжи традицијата што ја градел цели 30 години,
Иако е во деветата децеина од животот, дедо Дане не планира да запре, се додека здравјето го служи. Цели дека најголема желба му е неговото знаење и љубовта кон лековиттите билки да ги пренесе на некому кој би продолжил понатаму.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата