Јавното Обвинителство во Македонија има оформено предмет во врска со запленетите пет тони марихуана во Србија, за којашто српските медиуми првично информираа дека била набавена од македонска територија.
„Обвинителството има оформено предмет и веќе се преземаат конкретни, насочени и координирани дејствија за целосно утврдување на сите факти и околности за поврзаноста на Република Северна Македонија со овој случај, со цел обезбедување целосна кривично-правна одговорност“, одговориле од Обвинителството за Радио Слободна Европа.
Македонското јавно обвинителство било навремено и целосно информирано за акцијата во Србија и било во постојана комуникација со надлежните српски институции, а исто така и МВР.
Петте тони марихуана беа запленети на 29 јануари во регионот на селото Коњух кај Крушевац, централна Србија.
Меѓу опфатените во истрагата е и лице со иницијали И.Д., кое, како што беше посочено во медиумските извештаи, е косопственик на компанијата „Алфафарм“ во скопскиот регион, која е регистрирана за производство и преработка на медицински канабис.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата