logo
logo
logo

Словенија ќе се залага за КВАЛИФИКУВАНО МНОЗИНСТВО ПРИ ОТВОРАЊЕ НА ПОГЛАВЈАТА ЗА ЕУ, вели Мусар

Vecer | 18.05.2026

Словенија ќе се залага за КВАЛИФИКУВАНО МНОЗИНСТВО ПРИ ОТВОРАЊЕ НА ПОГЛАВЈАТА ЗА ЕУ, вели Мусар

Словенечката претседателката Наташа Пирц Мусар денеска, по средбата со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, порача дека Словенија останува цврст поддржувач на европската интеграција на Северна Македонија, како и дека ќе продолжи активно да се залага за забрзување на пристапниот процес на земјите од Западен Балкан во ЕУ.

На заедничка прес-конференција, Пирц Мусар одговори на новинарско прашање поврзано со иницијативата во Европската Унија - дел од одлуките да се носат со квалификувано мнозинство, наместо со консензус. Таа објасни дека Словенија е иницијатор и дел од група од 15 земји членки кои предлагаат отворањето на поедни преговарачки поглавја за земјите кандидати да се одвива со квалификувано мнозинство, додека конечната одлука за прием во Европската Унија и понатаму би останала предмет на консензус меѓу земјите членки.

-Денес Северна Македонија е во ситуација поради една земја членка да не може да отвори ниту едно поглавје. Тоа едноставно не е коректно и не е фер кон држава која сака да стане дел од Европската Унија, нагласи словенечката претседателка.

Таа додаде дека Словенија и натаму ќе дејствува во рамки на групата земји кои се залагаат за квалификувано мнозинство при отворањето на поглавјата и изрази надеж дека Европската Унија ќе ја препознае потребата од поефикасен процес на проширување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk