logo
logo
logo

Не поднеле завршни цели 3 години

ПРИКАЖАЛЕ ЛАЖНИ ПРЕСМЕТКИ И ГО ОШТЕТИЛЕ БУЏЕТОТ ЗА 120.000 ЕВРА

Vecer | 18.05.2026

ПРИКАЖАЛЕ ЛАЖНИ ПРЕСМЕТКИ И ГО ОШТЕТИЛЕ БУЏЕТОТ ЗА 120.000 ЕВРА

Даночно затајување во износ од 7.426.323 денари околу 120.000 евра утврди Управата за финансиска полиција, која до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две лица управители на правно лице и едно правно лице.

Како што соопшти Управата, пријавените М.Ш. и Ж. Р., како управители на правното лице, се сомничат дека во повеќе наврати, свесно и со намера да стекнат противправна имотна корист, не пресметале, не пријавиле и не платиле данок на добивка во износ од 7.200.200 денари и данок на личен доход од 226.123 денари.

Според наводите, за 2020 година поднеле даночен биланс за утврдување на данокот на добивка во кој искажале лажни податоци, а за 2021 и 2022 воопшто не поднеле даночни биланси за утврдување на данокот на добивка спротивно на сметководствената евиденција и искажаниот финансиски резултат во бруто-билансите на друштвото, од банкарските сметки на правното лице подигнале пари по разни основи и извршиле плаќања што не се поврзани со дејноста на правното лице, без да постои доказ во сметководствената евиденција за нивната економска оправданост, а со намера да ги прикријат инкриминираните активности не поднеле завршни сметки за 2022, 2023 и 2024 година до Централниот регистар на РСМ.

Со овие незаконски активности, како што се наведува, е оштетен буџетот на Република Северна Македонија, а предметот е доставен до надлежното обвинителство за понатамошно постапување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk