logo
logo
logo

УАПСЕНИ КИЧЕВЕЦ, ОХРИЃАНЕЦ И СКОПЈАНЕЦ - ќе бидат гонети за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Vecer | 24.08.2025

УАПСЕНИ КИЧЕВЕЦ, ОХРИЃАНЕЦ И СКОПЈАНЕЦ - ќе бидат гонети за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Лишен од слобода кичевец затоа што упавувал возило со 125 км на час на место каде е дозволено 50 км на час, како и охриѓанец и скопјанец кои управувале возила под дејство на алкохол. Сите ќе бидат гонети за „безобѕирно управување со моторно возило“.

На 23.08.2025 во 12:20 часот на магистралниот пат А2 во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Н.Ц.(30) од Кичево. При радарска контрола било утврдено дека управувал патничко возило „БМВ“ со кичевски регистарски ознаки со брзина од 125 километри на час во населено место каде брзината е ограничена на 50 километри на час, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

Денеска (24.08.2025) во 00:30 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Ѓ.Ѓ(30) од Охрид. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62% промили алкохол во крвта.

Денеска (24.08.2025) во 02:51 часот на ул.„Питу Гули“ во Охрид, при контрола во патниот сообраќај, полициски службеници од СВР Охрид запреле патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(45) од Скопје и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,51% промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите, против тројцата ќе бидат поднесени пријава соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk