logo
logo
logo

Мицкоски – Вадефул: Продлабочување на соработката, регионалните предизвици и нови заеднички иницијативи

Vecer | 18.11.2025

Мицкоски – Вадефул: Продлабочување на соработката, регионалните предизвици и нови заеднички иницијативи

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва имаше средба со германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул, кој престојува во работна посета на земјава во рамки на турнејата во земјите од Западен Балкан.

На средбата, како што е објавено на Фејсбук профилот на премиерот Мицкоски, станало збор за тековните регионални предизвици и можностите за заеднички иницијативи.

-Денеска остварив средба со германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул. Разговаравме за продлабочување на соработката меѓу двете земји, тековните регионални предизвици и можностите за нови заеднички иницијативи, се наведува во објавата на премиерот Мицкоски.

Претходно вечерва беше најавена средба на Вадефул и со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk