logo
logo
logo

Свети Климент со својот пример ни покажува дека преку образование се гради и зајакнува иднината на народот

Vecer | 08.12.2025

Свети Климент со својот пример ни покажува дека преку образование се гради и зајакнува иднината на народот

По повод денот на Свети Климент Охридски упатувам искрени честитки до сите граѓани.

-Делото на овој голем просветител претставува трајна вредност и инспирација за неговата посветеност кон знаењето, духовноста и развојот на писменоста. Свети Климент со својот пример ни покажува дека преку образование се гради и зајакнува иднината на народот. Овој ден не потсетува на важноста да го зачуваме и унапредуваме она што ни е оставено како највредно наследство јазикот и писменоста. Да продолжиме да градиме силно општество преку вложување во младите, во знаењето и во културното богатство што не обединува. Нека е честит празникот и нека живее делото на Св. Климент Охридски, напиша на Фејсбук претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk