logo
logo
logo

ПОРАДИ СЕМЕЈНИ ПРИЧИНИ: Уставната судијка Јадранка Дабовиќ Анастасовска поднесе неотповиклива оставка

Vecer | 02.12.2025

ПОРАДИ СЕМЕЈНИ ПРИЧИНИ: Уставната судијка Јадранка Дабовиќ Анастасовска поднесе неотповиклива оставка

Уставната судијка Јадранка Дабовиќ Анастасовска поднесе оставка. Таа во образложението кое го доставила до Собранието вели дека оставката е поради лични причини, т.е. поради промени кои настанале во втората половина од годинава, а кои се од семејна природа.

„Вршењето на функцијата судија на Уставен судија во изминатиов период за мене беше голема чест и одговорност и се трудев функцијата во овој период да ја извршувам одговорно, со голема посветеност и максимално професионлано. Но, како одговорен човек по настанатите непредвидени околности сметам дека нема да можам да работам на предмети со целиот свој капацитет, кои најчесто не се од мојата потесна професионална определба на која сум се усовршувала цели 40 години“, пишува судијката Дабовиќ.

Таа го известува Собранието дека од први јануари се враќа на професорската позиција на правниот факултет на УКИМ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk