logo
logo
logo

Мицкоски потврди: Здравство и социјала со нови министри од ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 30.06.2026

Мицкоски потврди: Здравство и социјала со нови министри од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ добива две нови министерски места со реконструкцијата на Владата.

Премиерот Христијан Мицкоски во денешното гостување на Телма телевизија истакна дека ресорите здравство и социјална политика, демографија и млади со владината реконструкција одат кај ВМРО-ДПМНЕ.

Имињата на новите министри во овие две министерства се очекува да бидат официјално потврдени вечерва по седницата на Извршниот комитет на владејачката партија.

Министерствата за култура, политички систем и правда одат кај коалициониот партнер ВРЕДИ.

ЗНАМ го добива министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и дополнител заменик министер за кои ќе се дискутира од септември.

Мицкоски истакна дека позицијата заменик претседател на Владата за добро владеење нема да постои како ресор, туку ќе биде директно под ингеренции на претседателот на Владата.

Премиерот посочи и дека во коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ наскоро дел ќе стане и Турската демократска партија, која во моментов е дел од коалицијата на ДУИ. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk