logo
logo
logo

БРИСЕЛ НИ НАМЕТНА ПЛАЌЊЕ СТРУЈА ПО “КАТЕГОРИИ“, сега таму плачат и се покајуваат. А кај нас...?

Vecer | 30.06.2026

БРИСЕЛ НИ НАМЕТНА ПЛАЌЊЕ СТРУЈА ПО “КАТЕГОРИИ“, сега таму плачат и се покајуваат. А кај нас...?

Неодамна премиерот Мицкоски објави дека се размислува за промена на начинот, на моделот, за плаќање потрошена струја бидејќи постојниот според “категории/тарифи“ на потрошувачи не е пазарен принцип а, освен тоа, струјата се плаќа нешто поскапо отколку кога тој модел на категории не би постоел.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) најави ревизија на актуелните блок-тарифи и разгледува можности за воведување „сончева тарифа“, проширување на дневната евтина тарифа, како и укинување на мрежарината. Целта е да се прилагодат сметките кон промените во енергетскиот систем

Проширување на евтината тарифа: РКЕ разгледува зголемување на дневната евтина тарифа на четири часа и нејзино воведување во сабота. Реформа на блок-тарифите: Во тек се анализи и дебати за измена или целосно укинување на постојниот модел, со цел да се заштити стандардот на граѓаните. Министерството за енергетика спроведува програми за директна финансиска поддршка на социјално загрозените граѓани за покривање на трошоците за електрична енергија.

Останува прашањето што ќе се случи со наплатата на “мрежарина“ кон ЕВН.

Како Европа стаса до спорниот модел “тарифи“ а ние веднаш по нив

Топлотниот бран кој ја погоди Европа донесе рекордни температури за овој период од годината во многу земји со умерена клима, како Франција, Германија, Белгија, Велика Британија и други. На Балканот, вклучувајќи ја и Македонија, овие високи температури, иако се нешто над просекот, сепак полесно се поднесуваат, но тоа што сме навикнале на нив низ годините не значи дека нема да предизвикаат огромни последици.

Неопходноста од климатизација и ладење ги извади на површина токму дел од нелогичните енергетски политики, кои наместо да ги наградат, двојно ги казнуваат граѓаните кои се придружија на повиците за електрификација и пристап до обновливи извори на енергија. Наместо придобивки, тие сега плаќаат огромни сметки за струја додека се соочуваат со екстремни температури.

Температурни и енергетски шокови и „дволичноста“ на Брисел

Температурни и енергетски шокови и „дволичноста“ на Брисел

Дел од земјите од Европската Унија имаат динамични и пазарни услови за цените на струјата што ги плаќаат домаќинствата.

Бриселските бирократи, во трката за климатската идеологија, наметнаа блокови со дополнителни давачки за „големите“ потрошувачи во обид да ја намалат вкупната потрошувачка на ресурси, а со тоа и на електрична енергија, во таканаречениот концепт на degrowth – односно намалување на вкупната потрошувачка и последователното влијание врз животната средина.

Наксуо, струјата се продава спротивно на слободната пазарна логика: ако купуваш повеќе плаќаш поскапо! Затоа една иста мерна единициа (пример, киловат) едне стан ја плаќа поскапо, а станот до него пефтино, затоа што помалку трошел.

Иронично, но овој концепт има слепа точка, а тоа е вонредно и невообичаено зголеменото трошење на струја за климатизација и ладење на внатрешните простории за време на кризи.

Бројот на жртви низ Европа од топлотниот бран се проценува на илјадници, а во Брисел се води дволична енергетска политика, оставајќи милиони граѓани изложени на екстремни поскапувања на цената на електричната енергија и без никаква поддршка во однос на набавка, инсталирање и користење на клима-уреди.

Во Македонија, иако немаме пазарно и динамично одредување на цените на електричната енергија бидејќи речиси сите домаќинства плаќаат цени кои се однапред утврдени преку државата и универзалниот снабдувач, проблемот се тарифните блокови.

Овој концепт ја нагласува енергетската сиромаштија. Со зголеменото користење на клима-уредите за ладење во текот на летото, но и за другите потреби во домаќинството – како што се загревање на вода за хигиенски потреби или зачестена употреба на машините за перење и сушење алишта – многу домаќинства брзо влегуваат во третиот и четвртиот потрошувачки блок, со што нивните сметки драстично растат.

Ќе влезат ли во сметките екстремните временски промени во Европа?

Климатските научници предвидуваат дека топлотните бранови и екстремните временски настани ќе станат сè почести во Европа, предизвикувајќи огромни загуби на човечки животи и материјални штети кои ќе се мерат во стотици милијарди евра. Енергетската политика мора да ја прифати таа реалност и да се прилагоди на потребите на граѓаните, особено на оние кои се директно загрозени од енергетската сиромаштија.

Потребно е да им се овозможат тарифи кои ќе ги земат предвид екстремните временски промени, особено кога самите граѓани инвестирале во инвертер-системи, инсталирале соларни панели и вложиле во енергетска ефикасност, давајќи свој придонес во декарбонизацијата.

Оваа „мини“ криза поврзана со климатизерите и скокот на цената на електричната енергија е само дел од поголемата енергетска и економска криза со која се соочува Европа.

Додека повеќе напредни земји итаат кон обновливи извори на енергија, претежно преку инвестиции во соларни централи, се случува парадокс: во пикот на производство, цената на произведената струја на берзите се продава за практично нула. Ова јасно покажува колку е зголемена потребата од батериски системи кои ќе ја складираат произведената електрична енергија и ќе ја пренасочат тогаш кога таа е најпотребна на пазарот.

Затоа и енергетските политики во Македонија треба да бидат многу попроактивни. Потребно е да се воведат нови програми за поддршка на електрификацијата, но не преку „казни“ со тарифните блокови, а владата веќе најави промени во таа насока.

Европската регулатива во принцип е одлична основа бидејќи ги разбира сите потреби на учесниците на пазарот на електрична енергија и на самиот енергетски систем, но секоја земја-членка и земја-кандидат за членство може да ја прошири таа регулатива согласно потребите на своите граѓани, приватниот сектор и јавните институции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk