logo
logo
logo

Кичево покажа дека МАКЕДОНИЈА ЗНАЕ ДА СЕ ОБЕДИНИ

Vecer | 02.11.2025

Кичево покажа дека МАКЕДОНИЈА ЗНАЕ ДА СЕ ОБЕДИНИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва по завршувањето на вториот круг од локалните избори изјави дека резултатите претставуваат јасна порака за волјата на граѓаните за промени и обединување. Тој како особено значајна ја посочи победата во Кичево, каде што кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски, го порази досегашниот градоначалник Фатмир Дехари.

-Морам да признам една посебно силна порака која доаѓа оваа вечер, а таа е од нашето Кичево. Падна Фатмир Дехари. Падна од народот кој се обедини против недомаќинското работење. Покажавме што можеме кога сме обединети,“ рече Мицкоски.

Тој истакна дека победата во Кичево е доказ дека граѓаните можат да се обединат околу вредности и заеднички цели, без разлика на политичката или верската припадност.

-Во Кичево соработувавме луѓе од различни вери и припадности против оние кои го влечеа градот надолу. Ова ја отвора вратата дека можеме да се обединиме – ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и другите – околу политиките што им се потребни на граѓаните. Победи идејата дека Македонија е дом за сите,“ додаде тој.

Мицкоски порача дека оваа победа има симболична вредност и претставува порака за една пообединета и посилна Македонија.

-Падна митот дека Кичево е нечие. Победија Кичевчани. Таа победа зборува за Македонија што созрева, за народ кој не се плаши да се обедини. Кичево мора да биде и ќе биде во фокусот на владата,“ нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk