logo
logo
logo

Судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани почнува следната недела

Vecer | 11.11.2025

Судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани почнува следната недела

Истрагата за полициските службеници, во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, беше предвидено да заврши до крајот на септември годинава, меѓутоа имаше објективни околности околу сослушување на одредени сведоци, со тоа што најверојатно на почетокот на наредниот месец ќе се донесе и јавнообвинителска одлука, изјави републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, прашан до каде се другите истраги и предистраги за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во однос на предистрагата за службениците од УЈП, Коцевски рече, дека се води предистражна постапка во ОЈО Кочани и надлежниот јавен обвинител дал одредени напатствија и наредби за преземање на надлежните органи на одредени процесни дејствија.

Во тој ден не можеме сè уште ништо да кажеме повеќе – рече Коцевски.

Судскиот процес за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани почнува следната недела и, како што рече Коцевски, ЈО има екипираност и веќе се договорени околу начинот на кој обвинителите ќе го застапуваат предметот, изразувајќи увереност дека од страна на ЈО нема да има никаков проблем во однос на судењето.

Во судница ќе го застапуваат обвинението истите обвинители што беа и досега, меѓутоа морам да нагласам дека вчера имавме состанок, најверојатно уште неколку обвинители ќе ангажираме имајќи предвид, да не се отежне односно да не се наруши постапката на другите обвинители, што имаат други предмети, што значи дека можеби не секогаш ќе присуствуваат сите обвинители, меѓутоа секогаш ќе има обвинители за да не се одолговлекува постапката или да не се одлага по, да не речам, вина на обвинителството – изјави Коцевски, одговарајќи на новинарски прашања пред денешната седница на Советот на јавни обвинители.

Бројот на обвинители што ќе постапуваат по предметот, како што појасни Коцевски, заедно со дополнително ангажираните можеби ќе биде 15 јавни обвинители.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk