Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска се сретна со поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов.
– Денес остварив средба со поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов, во духот на отворен и содржаен дијалог. Во фокусот на разговорите беше Форумот за културна дипломатија „Форум Скопје“, кој оваа година по четврти пат се одржува во организација на Клубот Скопје. Овој форум се етаблира како силна и релевантна платформа за промоција на културната дипломатија, обединувајќи истакнати личности од областа на културата, дипломатијата и јавниот живот од земјата и од странство. Преку вакви иницијативи се создаваат нови можности за меѓународно вмрежување, размена на идеи и продлабочување на соработката меѓу Град Скопје, други градови и значајни меѓународни партнери, стои во објавата на Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.
На средбата, како што наведува, разменивме мислења и искуства за актуелните состојби во државата и регионот, при што посебен акцент беше ставен на улогата на културната дипломатија како мост меѓу народите и како важен инструмент за јакнење на меѓународната соработка, дијалогот и заемното разбирање.
– Секогаш е задоволство да се слушнат размислувања и ставови од човек кој со својата работа и ангажман остави длабока и трајна трага во Македонија. Честа беше моја, се вели во објавата на градоначалникот Ѓорѓиевски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата