Не постојат закони кои за сита работа се применуваат со исти ограничувања или казни во сите европски и демократски држави. Многу елементи како локалната култура, традициите и навиките во општесттвото, економските ефекти, степенпот на штета и закана согласно состојбата во оптетството... се елментите кои прават законите за исти нешта да имаат различен пристап санкции.
Така е и со законите за пушење во јавните простори, од кафеани до канцеларии. Некаде се ригидни (а нашион во Македонија во најва е меѓу најригидните во Европа) а на други места со повеќе толеранција и разбирање за баланс на потребите на трите страни: пушачите, непушачите и пред се угостителите и малите трговци.
А, патем, сите забрани по дефиниција носат црна берза и сива економија. Кај нас, стручно е утврдено, дека најголем закана за здравјето е од издувните гасови на старите автомобили, пушењето не е главна причина за тоа. Но, за старите автомобили нема ограничувања и казни од стотици евра до неколку иљади евра како за пушачите и кафеаните.
Издувните гасови од автомобилите докажано - во градските средини а имаат најголемо штетно влијание врз животната средина и здравјето на луѓето. Овие гасови содржат штетни супстанции, како што се јаглерод моноксид (CO), азотни оксиди (NOx), сулфур диоксид (SO2), честички и други хемикалии, кои предизвикаат низ здравствени проблеми.

Според предупредувањата на експертите, заглавувањето во сообраќај еден час може да биде исто толку лошо за вашето здравје како и пасивното пушење.
Нивото на загадување на воздухот што го доживуваат возачите додека се заглавени во сообраќајни метежи е за 140% полошо отколку кај пешаците надвор - и е еквивалентно на пасивно пушење неколку цигари. Ова важи за возачите кои се внатре, во автомобилот, за пешаците надвор последиците се далеку полоши.
Ова се мерења во Европа, каде нема возила со степен на загдувањее како кај нас.
Македонија се соочува со нова законска рамка што носи строги ограничувања за алтернативните никотински производи. Предлог-измените предвидуваат забрана за продажба на производи со вкусови и ароми кои се користат во уреди за загревање тутун, електронски цигари и никотински кесички.
Намерата е намалување на пушењето, но дилемите веќе се отвораат.

Во некои европски земји, стратегијата оди во спротивна насока. Во Велика Британија, здравствените институции прават јасна разлика меѓу класичните цигари и алтернативните производи. NHS со години ги информира лекарите дека електронските цигари можат да бидат дел од пристапот за намалување на зависноста кај возрасни пушачи.
Сличен став имаат и здравствените власти во Канада, каде што се прави јасна поделба: непушачите треба да ги избегнуваат овие производи, но активните пушачи се охрабруваат целосно да преминат на помалку штетни алтернативи.
Во Хрватска, темата предизвика широка дебата.
Психијатарката Андријана Шантиќ објаснува дека никотинот влијае врз мозочните хемикалии како допамин и серотонин, создавајќи краткотрајно чувство на смиреност и концентрација. Но, секоја цигара го зголемува ризикот од сериозни заболувања, додека наглото откажување кај хронични пушачи може да предизвика силни апстиненциски реакции.
Кај нас, прашањето е дали строгите забрани ќе донесат резултат или ќе отворат простор за нелегален пазар. Последните анализи на Институт за јавно здравје укажуваат дека интересот за откажување останува низок, а дел од граѓаните очекуваат и фармаколошка поддршка како дополнителна помош.
Стратегијата е поставена. Но, дали ефектот ќе биде посакуван — останува да се види. Како и за се во животот уметноста е да се најде балансот, секоја крајност е повеќе штетна отколку корисна.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата