logo
logo
logo

ОЛИВЕР СПАСОВСКИ КАКО ОБОЖАВАТЕЛ НА ОДНОСИТЕ СО БУГАРИЈА (ДЕТАЛИ)

Vecer | 26.11.2025

ОЛИВЕР СПАСОВСКИ КАКО ОБОЖАВАТЕЛ НА ОДНОСИТЕ СО БУГАРИЈА (ДЕТАЛИ)

Актуелниот пратеник и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски , тврди дека одамна побарал да биде разрешен од функцијата координатор на пратеничката група на СДСМ.

Тој истакна дека неговото барање не било поврзано со слабите резултати на локалните избори, туку со сосема друга ситуација во партијата.

Спасовски објасни дека решил да се повлече во периодот кога во јавноста се подготвуваше резолуцијата за односите со Бугарија.

Според неговите зборови, веднаш кога документот требало да се достави во Собранието, тој изразил несогласување со стратегијата што ја туркало дел од раководството — особено со идејата за таканаречените „црвени линии“ во билатералниот спор.

Неговите забелешки биле отфрлени, по што тој побарал да не ја извршува повеќе координаторската функција во Собранието.

Со тоа тој ги негираше шпекулациите дека и тој бил зафатен со кадровските промени што ги спроведува претседателот на партијата Венко Филипче, по неуспехот на локалните избори.

Исто така се проширија информации дека многу од поранешните функционери на СДСМ не сакале да преземат нови функции и задолженија, што Спасовски исто така го коментираше.

– Точно е дека со председателот Филипче имав средба во четири очи, како и со други колеги, како Славјанка Петровска и други од пратеничката група на СДСМ, но не е вистина дека Филипче ни нудел позиции, а ние сме одбиле. Филипче си има средби, како што јас имам во пратеничка група, и заеднички и поединечни, каде се договараат стратегии за седници, што е редовна работа. Власта прави измислици и шпекулира за да ремети со дезинформации – рече Спасовски.

Како што кажа, токму поради тој предлог-курс побарал да не ја извршува повеќе координаторската позиција.

Спасовски додаде дека со години предупредувал дека во партијата се замолчува реалната слика за состојбите, што, според него, на крај довело до „целосно дно“ на последните локални избори.

Тој смета дека СДСМ може да се опорави само ако повторно ги активира луѓето кои се повлекле од партиските активности, а задача на новиот претседател Венко Филипче е да ги охрабри тие кадри да се вратат.

Притоа нагласи дека не мисли на оние што преминале во ВМРО-ДПМНЕ, туку на поранешни членови што останале пасивни, но не и политички префрлени.

Што зборуваше Оливер Спасовски додека беше технички премиер за Договорот со Бугарија?

Во исклучително тежок момент од Брисел ни пристигна убава вест Р.С. Македонија ќе ги започне преговорите за членство во ЕУ. Ова е верификација за нашите заложби, рече на прес конференција техничкиот премиер Оливер Спасовски пред точно 6 години.

– Ова е потврда за затворањето на реформскиот процес, за судството, јавна администрација и борбата против криминалот и корупцијата. Од денес тоа го верификуваа и државите членки на ЕУ. Решивме долгогодишни спорови. Без договорот од Преспа и без договорот за добрососедство со Бугарија, ова немаше да се случи. Патот ни е отворен и одиме само напред. Нашата перспектива е во ЕУ, станува држава која во наредниот период ќе мора да минува низ трансформација каква што поминаа сите други држави. Да се радуваме на овој успех сите, но да се вратиме во ралноста и да извојуваме победа во борбата против короната, рече Спасовски.

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, во Собранието на Република Македонија, беше ратификуван на 15 јануари 2018 година, и во Националното Собрание на Република Бугарија на 18 јануари 2018.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk