logo
logo
logo

Зимски услови и намалена видливост: ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ВОЗАЧИТЕ ОД АМСМ

Vecer | 11.02.2026

Зимски услови и намалена видливост: ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ВОЗАЧИТЕ ОД АМСМ

На патниот правец Куманово – Скопје кај клучка Хиподром воведена е девијација поради случена сообраќајна незгода, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози.Се бележат слаби врнежи од снег на Попова Шапка кои што не се задржуваат на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100м. Стража до 80м. и Крушево до 30 м.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Македонски Брод преку Ј.П Јасен ќе биде во целосен прекин во следниве термини:

– Македонски Брод – Скопје од 10:30ч до 11ч.

– Скопје – Македонски Брод од 12:00ч до 12:45ч.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk