logo
logo
logo

Не им доаѓа памет...МВР ЦЕЛА НОЌ АПСЕШЕ нарко дилери низ Македонија

Vecer | 20.06.2026

Не им доаѓа памет...МВР ЦЕЛА НОЌ АПСЕШЕ нарко дилери низ Македонија

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода 12 лица, откако кај нив била пронајдена дрога, информира Министерството за внатрешни работи.

Во гостиварското село Дебреше, полицијата ги привела Р.Д. (22), Д.Џ. (21) и А.С. (22), сите од Гостивар, откако при преглед на возило „Фолксваген“ била пронајдена марихуана.

Неколку часа подоцна, во Маврови Анови, биле приведени Е.С. (30) од Скопје и Т.А. (32) од Скопје, откако при контрола на возило „Сузуки“ во ранецот на Е.С. била пронајдена марихуана.

Во Скопје, на различни локации, полицијата привела повеќе лица кај кои биле пронајдени марихуана, бела прашкаста материја и бела грутчеста материја. На подрачјето на Бит Пазар биле приведени О.Б. (26) и А.Џ. (36), во Општина Аеродром Н.К. (18) и Т.Ј. (39) од Кавадарци, во Ѓорче Петров Ќ.Р. (33), а во Градскиот парк во Карпош бил приведен М.П. (19) од Србија.

Приведување е извршено и во Битола, каде што кај Р.Л. (51) била пронајдена бела прашкаста материја.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на сите случаи, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци согласно законските процедури.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk