logo
logo
logo

Ќе одговараат! - КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА НАСИЛНИЧКИТЕ И ЗА РОДИТЕЛИТЕ

Vecer | 02.07.2026

Ќе одговараат! - КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА НАСИЛНИЧКИТЕ И ЗА РОДИТЕЛИТЕ

Полицијата експресно ги идентификуваше напаѓачите и почна со поднесување кривични пријави по вчерашната пријава за брутално врсничко насилство во скопската општина Аеродром. Како што информираат од МВР, по целосното документирање на случајот, соодветни кривични пријави ќе бидат поднесени не само против малолетничките кои го извршиле и снимале делото, туку и против нивните родители, кои исто така ќе сносат законска одговорност за постапките на своите деца.

Вознемирувачкото видео може да го погледнете ТУКА.

Случајот е пријавен вчера во 19:30 часот во СВР Скопје од страна на 31-годишна мајка, која пријавила дека нејзината 12-годишна ќерка била жртва на физичко и психичко малтретирање во парк во Аеродром. Според официјалната пријава, 14-годишна малолетничка, заедно со своја другарка, во два наврати брутално го принудиле девојчето да клекне на колена и да им се извинува. Кога жртвата се обидела да си замине, била и физички нападната од уште една малолетничка. Целиот настан со мобилни телефони го снимале повеќе присутни малолетници, од кои еден му бил познат на оштетеното девојче.

Полициските службеници веднаш презедоа мерки, па уште во текот на вчерашниот ден во полициска станица беше извршен службен разговор со две малолетнички во присуство на нивните родители, со цел целосно правно да се заокружат најавените кривични пријави за сите инволвирани во овој немил настан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk