logo
logo
logo

Стоилковиќ: Нашата сила отсекогаш била во нашата различност, а успехот во способноста да бидеме обединети во клучните цели

Vecer | 08.09.2025

Стоилковиќ:  Нашата сила отсекогаш била во нашата различност, а успехот во способноста да бидеме обединети во клучните цели

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на РС Македонија.

- Во мое лично и во име на Министерството за односи меѓу заедниците, дозволете ми да упатам искрени честитки до сите граѓани по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија.

Овој значаен ден во историјата на нашата држава нѐ потсетува на заедничката волја на народот изразена на референдумот во 1991 година – за суверена и демократска држава.

Независноста нè поттикнува да вложуваме постојани напори за општество засновано на еднаквост, меѓусебна почит, разбирање и солидарност меѓу сите национални заедници. Нашата сила отсекогаш била во нашата различност, а успехот во нашата способност да бидеме обединети во клучните цели.

Да ни е честит Денот на независноста – 8 Септември!, порача во честитката вицепремиерот и министер Стоилковиќ. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk