logo
logo
logo

“Додека сум јас премиер НИТУ ЕДЕН БЕГАЛСКИ ШАТОР НЕМА ДА ИМА ВО МАКЕДОНИЈА“

Vecer | 09.12.2025

“Додека сум јас премиер НИТУ ЕДЕН БЕГАЛСКИ ШАТОР НЕМА ДА ИМА ВО МАКЕДОНИЈА“

СДСМ “РЕФОРМИРАН“ тврди дека владата има договор со Велика Британија за прием на бегалци протерани оттаму и затоа се потпишал “Договор за стратешко партнерство со Британија“ и Британците дале гаранција за 6 милијарди евра исклучително поволен кредит, пари кои би ги корстела Макеоднија според утврдена динамика и потреби. 

Сама по себе “аферата“ на СДСМ е неточна секому кој барем малку знае што се и колку се шест милијарди евра и гаранција од друга моќна држава за тие пари. Турција, со над милион бегалци од Сирија и Ирак постојано стационирани во турските кампови од ЕУ има добиено 500 милиони евра за седум години. За шест милијарди евра би требало во Македонија за влезат барем пет милиони бегалци!

Оттаму, нема никаква логика за “аферата“ на СДСМ и обидот да се омаловажи Догворот за стратешка соработка помеѓу Британија и Македонија кој е од историско значење, и сведе на ниво кое пред се ги навердува Британците, а секако и Македонците.

СДСМ се повикува на изјави двајца локални политичари од Британија кои “веруваат дека решението за премногу мигранти во Британија би можело да се реши со нивна дислокација на Балканот и државите кандидатки за влез во ЕУ...“ Тоа е изјавата. Никаде не се спомнува Македонија, а особено не Македонија како обврзана за прием на мигранти заради стратешкиот договор со Британија и британската гаранција за скоро шест милијарди кредит.

Премеирот Мицкоски, мошне конкретно и директно, ја демантираше повторно новата “афера“„ од СДСМ

Со индигнација ги отфрлам овие шпекулации дека планираме да правиме какви било кампови за илегални мигранти.

Темата што е зборувана во британските медиуми е за неуспешни апликанти за азил да ги праќаат во трети земји. Таква тема не е разговарана со нас, а и да се разговара ќе се одбие. Разговарано е дека ќе се бориме заедно против илегалната миграција, илегалните мигранти кои влегуваат кај нас преку граница од земја членка на ЕУ – рече Мицкоски.

Тој најави дека како што се прави проект „Сејф сити“, ќе се прави проект Сејф кантри со кој нашите граници ќе бидат целосно мониторирани.

Ги гледам овие салта и гимнастики кои ги прави опозицијата. Не само што не е вистина, туку за мене претставува чудно во отсуство на било каква идеја, која може да мобилизира или да придонесе во рамките на општестениов живот, вие за таа тема да вадите ваква кампања и тоа против партија од каде почива фундаменталната тема на политиките да се бориме против илегалната миграција, рече премиерот Христијан Мицкоски, прашан за обвинувањата од страна на опозициската СДСМ за некакви мигранти кои треба да дојдат од Велика Британија. Лидерот на СДСМ Филипче, дури најави и онлајн петиција.

Јас ги разбирам, немаат идеја, се обидуваат да се мобилизираат и да растураат пердуви. Ние дури најавуваме борба против илегалните мигранти по примерот на „Сејф сити“, ќе развиеме проект „Сејф кантри“, со тоа што нашите граници ќе бидат целосно под мониторинг за да не се случуваат вакви работи.

Апсолутно ги отфрлам како неточни овие обвинувања. Во изјавите од Обединетото Кралство се вели дека неуспешни апликанти ќе праќаат. Додека сум јас премиер, ниту еден бегалски шатор нема да никне во Македонија, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk