logo
logo
logo

ЈАКИМОВСКИ ПРИСВОИЛ УЛИЦА ВО ВЛАЕ ЗА ВИСОКОКАТНИЦА, ОБВИНИ МИТЕВА

Vecer | 30.10.2025

ЈАКИМОВСКИ ПРИСВОИЛ УЛИЦА ВО ВЛАЕ ЗА ВИСОКОКАТНИЦА, ОБВИНИ МИТЕВА

Фирмата „Аполо Инженеринг“ преку процес на приватизација дооформила парцела во Влае, во склоп на тоа и улица, каде претходно Стевчо Јакимовски исцртал маркица за зграда, изјави денеска Матија Митева, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– Во решението за приватизација пишува дека „Аполо Инженеринг“ доставила два геодетски елаборатa во пропратната документација за приватизација. Точниот датум кога се доставени елаборатите не е наведeн, но може да се види дека се изработени по донесување на Деталниот урбанистички план (ДУП). Едниот е изработен кон крајот на 2016 година, а другиот во 2017. Во оној од 2016 е наведено дека парцелите за кои се бара приватизација се дел од градежна парцела предвидена во планот, додека пак во оној од 2017 година се другите катастарски парцели кои ја сочинуваат градежната парцела – вели Митева.

Една од парцелите за кои „Аполо Инженеринг“ побарала приватизација е дел од улицата Есперанто пред киното „Влае“.

– За приватизацијата „Аполо Инженеринг“ платила само 285 денари за метар квадратен или нешто повеќе од 3.500 евра затоа што добила намалување на цената за 35%. Неколку месеци по приватизацијата компанијата го продала целото земјиште на Јонче Спирковски, кој е сопственик на „Аполо Инженеринг“. Во купопродажниот договор е наведено дека имотот е продаден за цена од 2.950.000 денари со вклучен ДДВ – додава Митева.

ДУП-от за Влае беше укинат од Уставниот суд откако Стевче Јакимовски повторно дојде на местото градоначалник во 2021 година, но, додава Митева, тој го ставил ДУП-от за Влае со две планирани висококатници повторно во процедура.

– Стевчо Јакимовски продолжува да ја турка бетонизацијата во Влае со сите сили. Затоа треба да се стави крај на ваквото делување, во недела на 2 ноември, со заокружување на бројот 9, за Сотир Лукровски – повика Митева.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk