logo
logo
logo

НА СТАРТОТ НА ПРОЕКТОТ „СЕЈФ СИТИ“ НЕМА ПОПЛАКИ ОД ГРАЃАНИТЕ, во иднина ќе се намалува прагот на толеранција

Vecer | 01.02.2026

НА СТАРТОТ НА ПРОЕКТОТ „СЕЈФ СИТИ“ НЕМА ПОПЛАКИ ОД ГРАЃАНИТЕ, во иднина ќе се намалува прагот на толеранција

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека на првиот ден од почетокот на казнувањето преку системот „Сејф сити“ нема евидентирани поплаки од граѓаните и дека е во постојана комуникација со министерот за внатрешни работи.

Тој рече дека Владата и Министерството за внатрешни работи одлучиле на стартот да го зголемат прагот на толеранција, со цел граѓаните постепено да се навикнат на новиот систем.

Тој рече дека европскиот стандард е под 10% толеранција за брзината, но е одлучено прагот кај нас да изнесува 15%.

Како што ќе се навикнуваат возачите, така постепено ќе се враќаме во европските рамки. Но поентата не е да се казнуваат граѓаните, туку да нема сообраќајни незгоди и загубени човечки животи – рече Мицкоски.

Тој рече дека очекува со целосната примена на „Сејф сити“ драматично да се намали  бројот на сообраќајни прекршоци и изречени казни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk