logo
logo
logo

БЕЗБЕДНОСНАТА СОСТОЈБА Е СТАБИЛНА без да има одредени осцилации

Vecer | 25.03.2026

БЕЗБЕДНОСНАТА СОСТОЈБА Е СТАБИЛНА без да има одредени осцилации

Безбедносната состојба во земјата е стабилна, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања за тоа каква е безбедносната состојба со оглед на случувањата на Блискиот Исток.

– Безбедносната состојба е стабилна, без да има одредени осцилации, апсолутно ја имаме под контрола безбедносната состојба. Се разбира, предизвици има и ќе има, тоа е жива и динамична материја, но ние сме тука да ја следиме и да реагираме доколку има потреба од тоа – изјави Мицкоски.

Премиерот денеска присуствуваше во касарната „Страшо Пинџур“ во скопски Петровец, каде што беа претставени 17 нови лесни оклопни возила „страјкер“ (stryker), набавени од Соединетите Американски Држави.

На презентацијата беа и министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменик-шефот на Мисијата на Амбасадата на САД, Никол Варнс, и командантите на Командата за операции и првата пешадиска бригада

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk