Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола утринава изврши увид на местото во битолската населба Баир, каде што беше убиена 31-годишната А. В. од Битола.
Од местото на убиството се земени траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење, а дополнително е издадена наредба за обдукција на телото на починатата.
„Осомничениот за извршување на кривичното дело е лишен од слобода, а за натамошниот тек на постапката против него Обвинителството ќе ја информира јавноста“, соопштија денеска од Обвинителството.
Според информациите што претходно денеска ги објави МВР, 31-годишната жена била убиена од страна на својот сопруг, со кого не живеела заедно. Тој рано утринава ја нападнал со нож, а таа им подлегнала на повредите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата