logo
logo
logo

За шест месеци ќе функционира градски воз од Зелениково до Скопје

Vecer | 24.10.2025

За шест месеци ќе функционира градски воз од Зелениково до Скопје

Вицепремиерот Александар Николоски во гостувањето на радио Лидер објасни каков ќе биде новиот градски воз којшто ќе се користи за сообраќај.

Веќе почнавме со изградба на градски воз. Многу едноставно решение е градскиот воз. Што е идејата? Ги следиме поголем дел на модерните европски градови. Ја реконструираме постојната железничка инфраструктура на едно друго ниво и ќе ја користиме за градски сообраќај, рече Александар Николоски во гостување на радио Лидер.

Три линии што го поврзуваат целиот град

Николоски објасни дека првата линија ќе биде готова за шест месеци, а појасни и каква ќе биде рутата.

Во Скопје веќе има систем развиен како детелина. Од една страна оди Зелениково, Драчево, Лисиче, Кисела Вода, Аеродром, Нова Железничка. Втората линија оди од Железничка кон Автокоманда, Маџари, Скопје Север, Бутел, Илинден, Петровец. Третата оди кон Ѓорче Петров. Идејата е веќе првата делница од Зелениково преку Кисела Вода и Аеродром која почна да се работи овие денови ќе ја донесеме во инфраструктурна состојба да се користи интензивно и често. Првата линија ќе биде готова за шест месеци. Значи, очекувам веќе следното лето од Зелениково до Нова Железничка да функционира градскиот воз, рече тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk