logo
logo
logo

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И ПОКРАЈ СУДСКАТА ЗАБРАНА ЗА ПРИБЛИЖУВАЊЕ

Vecer | 29.08.2025

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И ПОКРАЈ СУДСКАТА ЗАБРАНА ЗА ПРИБЛИЖУВАЊЕ

„Вчера во 17:35 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода В.Ј., на возраст од 32 години, од неготинско село, по пријава од неговата сопруга, со која бил во бракоразводна постапка. На В.Ј. претходно му било издадено решение од Основен суд – Неготино со забрана да ја вознемирува и да контактира со сопругата и забрана за приближување од 100 метри до домот. Но, тој не го почитувал решението и ѝ се заканувал и физички ја нападнал“, соопшти СВР – Велес.

За настанот е известен јавен обвинител.

Од Секторот за внатрешни работи Велес додаваат дека по документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk