logo
logo
logo

МИЦКОСКИ: СЕ РАБОТИ НА ИЗМЕНИ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК Поранешната влада гласала за да се амнестира криминалот

Vecer | 04.09.2025

МИЦКОСКИ: СЕ РАБОТИ НА ИЗМЕНИ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК Поранешната влада гласала за да се амнестира криминалот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека се работи на измените на Кривичниот законик, за чие гласање во Собранието помина рокот од шест месеци што го даде Уставниот суд.

Мицкоски, на новинарско прашање дали се направени измените на КЗ по посочувањето од Собранието дека Владата е компетентна да ги достави посочи оти „претходната Влада за да се амнесира за криминалот којшто го направи гласала во Парламентот здружно злоупотребувајќи го европското знаме.

– Да, во процес е, се работи. Станува збор за членот 353, којшто претходната Влада за да го амнестира криминалот којшто го направи додека се богатеше на грбот на граѓаните и купуваше трговски центри – внуци од лидерот на Демократската унија за интеграција, додека сватови купуваа скапи Мајбах автомобили, додека се издаваа дозволи за фабрики за производство на марихуана, додека се купуваа скапи деловни простории во центарот на Скопје, итн, гласаа во Парламентот здружно злоупотребувајќи го европското знаме за да се амнестираат со измените на Кривичниот зкаоник, изјави Мицкоски.

Премиерот порача дека актуелната Влада ќе ги врати еврпските вредности затоа што, укажа, додека тие крадеа и уништуваа седум години оваа Влада во изминатите 15 месеци гради за сите граѓани на целата територија на Македонија.

Во однос на измените на Кривичниот законик, претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчера порача да се пополнуваат правните празнини.

– Мора да научиме лекции. Кога Уставниот суд ќе донесе одлука без оглед дали се однесува на независните листи или на кое било друго прашање, еве на прашање од кривичната материја, тој му кажува на Собранието дека како законодавец веднаш треба да посегне кон пополнување на правната празнина. Лошо е да има правни празнини. Во некоја идна уставна измена, ама која ќе се концентрира на  проблемите што произлегуават од досегашното спроведување на Уставот мора да размислиме и за ова, изјави вчера Сиљановска Давкова, по доделување на признанието „Инженерски прстен“.

Уставниот суд во февруари годинава одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста на измените на Кривичниот законик од септември 2023 година кои вклучуваа намалување на казните за функционерите. Како што изјави тогаш претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, Судот изразил сериозен сомнеж за уставноста на оспорениот закон во целина и донел одлука да му наложи на Собранието во рок од шест месеци да ги направи неопходните измени и да се усогласи со аргументите на Судот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk