logo
logo
logo

Возач на товарно возило, кој бил слеп 99% и без важечка дозвола, усмртил жена-пешак

Vecer | 01.08.2025

Возач на товарно возило, кој бил слеп 99% и без важечка дозвола, усмртил жена-пешак

64-годишната Ангелина Ангелова од Неготино го загуби животот во трагична сообраќајна несреќа, откако во неа удрил возач на товарно возило кој немал важечка дозвола и бил речиси целосно слеп. Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен акт против лицето за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинението, несреќата се случила на 3 декември 2024 година, на регионалниот пат Р1103, на делницата Пепелиште – Неготино, кај местото викано „Лаки“. Обвинетиот управувал товарно возило „Ситроен Џампер“ со велешки таблички иако во тој момент не поседувал важечка возачка дозвола, таа му била со истечен рок.

Како што информира Обвинителството, обвинетиот „не обрнал внимание на пешаците кои се движеле покрај коловозот“ и со страничниот ретровизор удрил во главата на Ангелина Ангелова. Ударот бил фатален, жената паднала од патот, а добиените повреди, скршен череп, пршлени и повеќе коски, биле смртоносни.

Во соопштението се наведува и дека „на оштетената ѝ се констатирани одредени пропусти, бидејќи имала можност визуелно да го забележи возилото и да се отстрани“, но тие се оценети како секундарни.

Дополнителен шок во истрагата било откритието дека обвинетиот имал попреченост, слепило со 99% намалена видна функција, за што примал инвалидска пензија и додаток. И покрај тоа, тој управувал со возило, а во текот на истражната постапка успеал дури и да ја продолжи возачката дозвола.

Постапуваме по сите индиции што укажуваат на можна злоупотреба на документација и системски пропусти. Побаравме од ОВР Неготино да ги провери условите под кои обвинетиот добил возачка дозвола и инвалидска пензија, изјавија од Основното јавно обвинителство Кавадарци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk