logo
logo
logo

На територијата на целата земја се активни 7 пожари, а два се локализирани

Vecer | 09.07.2025

На територијата на целата земја се активни 7 пожари, а два се локализирани

Центарот за управување со кризи утрово информира дека заклучно со 7:00 часот, на територијата на целата земја се активни 7 пожари, а два се локализирани.

Според информациите на ЦУК, имало вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои 22 биле изгаснати.

Пожарите остануваат активни во близина на селото Самоков и помеѓу селата Црешнево, Локвица и Слатин во општина Македонски Брод, потоа помеѓу селата Блаце и Чучер во општина Чучер Сандево, во близина на селото Љубанци во општина Бутел, во близина на селото Николиќ во општина Дојран, како и пожарите под Солунска глава помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка и селото Крушевица во општина Кавадарци.

Локализирани пожари во близина на селото Рамне во општина Македонски Брод и во близина на градската депонија во општина Делчево.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk