logo
logo
logo

По пукањето во Куманово ДУИ прекинува со денешните активности

Vecer | 08.10.2025

По пукањето во Куманово ДУИ прекинува со денешните активности

Оружен инцидент во центарот на Куманово вчера ја потресе јавноста – кандидатот и носител на советничката листа на ДУИ во Општина Липково, Зекирија Шаини, беше ранет од маскирани лица. Напаѓачите отвориле оган врз него, при што тој добил прострелни рани на рацете и нозете, но неговиот живот, според информациите, е надвор од опасност.

Од Демократската унија за интеграција соопштија дека се „длабоко загрижени“ поради нападот врз нивниот кандидат.

„За среќа, неговиот живот е надвор од опасност и тој ја добива потребната медицинска помош“, се вели во нивната реакција.

Партијата остро го осудува, како што наведува, „варварскиот чин на насилство“ и бара од Министерството за внатрешни работи и од Јавното обвинителство итна и транспарентна реакција.

„Очекуваме сторителите да бидат идентификувани, уапсени и изведени пред лицето на правдата“, додаваат од ДУИ.

Во соопштението, партијата упатува и апел до своите поддржувачи, симпатизери и граѓаните да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации.

„Нашето движење отсекогаш се карактеризирало со разумност. Во солидарност со повреденото лице и за да ја нагласиме сериозноста на настанот, одлучивме да ги прекинеме денешните активности, сè додека институциите не преземат конкретни чекори за враќање на јавната доверба и безбедноста на терен“, наведуваат од партијата.

Од Основното јавно обвинителство информираа дека на случајот работат двајца обвинители, кои прибираат траги и материјални докази што ќе бидат предмет на вештачење. По напаѓачот се трага. Според првичните сознанија, не се работи за политички мотиви, но, како што додаваат од ОЈО, сите околности сè уште се проверуваат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk