logo
logo
logo

„Едносменската настава не е лесен процес, но добро се одвива“

Vecer | 11.08.2025

„Едносменската настава не е лесен процес, но добро се одвива“

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска соопшти дека едносменска настава има веќе во 150 училишта во коишто немало или имало многу малку градежни интервенции за да може да биде воведена.

Очекува овој процес да продолжи во 25 училишта во кои, рече, ќе има потреба од градежни зафати т.е. доградба на училници за да може да ги опфатат сите ученици во една смена.

-Сигурно почнуваме во пет, почнуваме во општините Ѓорче Петров и Карпош, а потоа продолжуваме и во други. Оваа година очекувам да започнеме работи во 25 училишта кои, секако, ќе бидат подолготрајни и ќе преминат во следната година, изјави Јаневска одговарајќи на новинарски прашања по извршениот увид за изградба на училишна спортска сала во општина Петровец.

Додаде дека воведувањето на едносменската настава е поврзано со оптимизација на училишната мрежа што, рече, „не е лесен процес“.

-Тој е почнат, добро се одвива и понатаму ќе се одвива. Верувам дека најголем дел ќе успееме да го завршиме во еден мандат, но верувам дека и тие што ќе дојдат после нас ќе го продолжат затоа што тоа е исклучително важно за квалитетот на образованието и во корист на учениците, посочи министерката за образование и наука.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk