logo
logo
logo

Последна седница на Собранието годинава, донесени повеќе закони

Vecer | 29.12.2025

Последна седница на Собранието годинава, донесени повеќе закони

Собранието попладнево, во рамки на 79. седница, донесе повеќе закони во скратена постапка. Усвоени беа измените и дополнувањата на законите за градење, за електронски комуникации, за вработување и осигурување во случај на невработеност, како и за пензиско и инвалидско осигурување.

Пратениците ги изгласаа и измените на законите за трговија и за инспекциски надзор.

На седницата беа донесени и Одлуката за одобрување на финансискиот план за изменување на финансискиот план на МРТ за 2025 година со пренамена на средства, Одлуката за одобрување на финансискиот план на МРТ за 2026 година, Одлуката за одобрување на финансискиот план за изменување на финансискиот план на МРТ за 2026 година со пренамена на средства, како и Одлуката за давање согласност на Годишната инвестициска програма на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2026 година.

По завршувањето на 79. седница, преседателот на Собранието Африм Гаши им ги честита претстојните новогодишни и божиќни празници на сите граѓани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk