logo
logo
logo

УТРЕ СТАРТУВА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“! Еве кои прекршоци ќе се казнуваат

Vecer | 31.01.2026

УТРЕ СТАРТУВА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“! Еве кои прекршоци ќе се казнуваат

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од утре стартува санкционирањето преку проектот „Безбеден град“. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во првата фаза системот ќе детектира четири типични сообраќајни прекршоци?

– непрописно паркирање,

– управување со брзина поголема од пропишаната,

– минување на црвено светло,

– управување на возило со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола.

МВР апелира до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.

– Системот „Безбеден град“ е исклучително важна инвестиција во безбедноста на сите граѓани и целата држава, ќе спасува човечки животи, ќе го регулира сообраќајот, а ќе ги санкционира сите оние кои не сакаат да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи на сопствена штета и штета на другите учесници со сообраќајот. Камерите се поставени на критичните сообраќајни точки каде често се случуваат сообраќајни прекршоци – велат од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk