logo
logo
logo

КОГА ДУИ Е ФАТЕНА ВО КРИМИНАЛ, ТОА НЕ Е НАПАД ВРЗ АЛБАНЦИТЕ Забрането ли е да се соголува криминалот на Ахмети, Груби и на Османи, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 25.08.2025

КОГА ДУИ Е ФАТЕНА ВО КРИМИНАЛ, ТОА НЕ Е НАПАД ВРЗ АЛБАНЦИТЕ Забрането ли е да се соголува криминалот на Ахмети, Груби и на Османи, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Кога ДУИ се фатени во криминал и корупција, тоа не е напад врз Албанците, туку разобличување на мафијашката мрежа која ја користеше етничката карта како параван, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Бујар Османи и ДУИ повторно ги извртуваат тезите. Албанците не биле и не се ДУИ, ниту пак ДУИ има право да се прикажува како единствен претставник на Албанците, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Волјата на граѓаните, Македонци, Албанци и сите други – јасно покажа дека криминалната структура на Али Ахмети, Артан Груби и на Бујар Османи припаѓа на буништето на историјата. Зошто да не може аргументирано да се соголува криминалот на ДУИ? Дали тоа е забрането? Значи ли тоа дека за Бујар, Али, Зоран Заев, Венко Филипче и другите корумпирани колеги важат други правила – дека ним сè им е дозволено?“, прашува владејачката партија.

Тие што така мислеа, денеска се таму каде што им е местото, во опозиција, се вели во соопштението.

„Кога ДУИ се фатени во криминал и корупција, тоа не е напад врз Албанците, туку разобличување на мафијашката мрежа која ја користеше етничката карта како параван. Јасно е: криминалот не се исплати повеќе! Следува одговорност! Народот избра промени и еднаквост, а не корупција и клиентелизам. ДУИ може да се крие зад етнички знамиња, но од правдата и од народната пресуда нема да се скрие“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk