logo
logo
logo

Лимани: Потпишани шест нови договори со општините за проекти од социјалната и детската заштита

Vecer | 17.07.2025

Лимани: Потпишани шест нови договори со општините за проекти од социјалната и детската заштита

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, денеска потпиша шест нови договори со шест општини кои аплицираа на Вториот јавен повик за изразување интерес за финансирање на инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА, во вредност од 520 милиони денари.

На повикот за финансирање на проекти во надлежност на Министерството за социјална политика, демографија и млади, со комплетна документација аплицираа општините: Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кратово и Чашка – за изградба на објекти за предучилишно воспитание и образование (детски градинки), и општина Кочани – за објект од областа на социјалната заштита, Дом за стари лица.

Заедно со четирите апликации од Првиот јавен повик, Министерството финансира вкупно десет инфраструктурни проекти.

Владата на Република Македонија, преку ресорните министерства, инвестира во проекти чија реализација придонесува за унапредување на локалната инфраструктура, со директен импакт врз економскиот раст, развојот и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk