logo
logo
logo

За жал, и во 21 век идентитетот се обидуваат да го оспорат

Vecer | 02.07.2025

За жал, и во 21 век идентитетот се обидуваат да го оспорат

Премиерот Христијан Мицкоски беше кристално јасен, нашиот идентитет се нашиот јазик, нашата историја и нашата многувековна култура градена низ комплексни, тешки времиња која е најголемото богатство што го имаме како држава, рече денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во врска со вчерашната изјава на еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Како што напомена, одговорајќи на новинарски прашања, за жал, и во 21 век идентитетот е категорија која земји што се нарекуваат европски се обидуваат да ја оспорат.

-Посебно во овој регион идентитетот е сложена категорија. Да, за жал, и во 21 век е категорија која земји што се нарекуваат европски се обидуваат да ја оспорат, но за нас нема дилема дека историските личности како Делчев, Груев, Сандански се дел од нашиот идентитет како што се и прекрасните манастири, преубавите џамии. Нашиот идентитет е и соживотот, но и јазикот што го зборувале нашите баби и дедовци, прабаби и прадедовци и апсолутно никој нема право да го оспори тоа, односно да го оспори нашето право да го почитуваме она што е дел од нас како Македонци, подвлече Муцунски по македонско-италијанскиот бизнис форум во Скопје.

Еврокомосерката за проширување Марта Кос вчера на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски порача дека идентитетот не е предмет на политичко одлучување. Идентитетот според, неа се и македонските специјалитети како тавче гравче, пинџур и полнети пиперки.

Мицкоски во репликата на изјавата на Кос посочи дека за него македонскиот идентитет не се само македонските специјалитети туку и Гоце Делчев и Даме Груев и Сандански.

-За мене мојот идентитет не е само прекрасната македонска кујна, туку е и Гоце Делчев и Шапкарев, и Миладиновци и Илинденското востание и Дамјан Груев и Јане Сандански… Не знам дали ќе го споделат истото мислење и колегите од исток, но тоа се луѓето кои се дел од нашиот идентитет, македонски идентитет, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk