logo
logo
logo

КОЈ Е АРТАН ГРУБИ? Од Жолтата куќа во Албанија, па тепач на Кале и фудбалче во кабинет

Vecer | 23.02.2026

КОЈ Е АРТАН ГРУБИ? Од Жолтата куќа во Албанија, па тепач на Кале и фудбалче во кабинет

Aртан Груби по повеќе од една година ја заврши што ја имаше на Косово. Да таков статус објави на Фејсбук кога во декември 2024 година со дипломатско возило замина за Косово преку граничниот премин Блаце.

На истиот премин денеска се предаде. Некогашниот прв вицепремиер како што милуваше да му се обраќаат ќе мора веднаш да оди во Шутка бидејќи веќе има одлука за притвор а згора на тоа беше ставен и на меѓународна потерница.

Кој е Артан Груби

Еден од главните играчи во ДУИ и човек од доверба на лидерот Артан Груби. Жареше и палеше во македонската политика, особено за време на коалицијата на ДУИ со СДСМ.

Нему му беше дозволено сѐ, од играње на фудбалче во неговиот кабинет, па до водење на седници во Владата. На една таква седница на која со која раководел Груби се отуѓи државно земјиште на фирмата на сопругата на Димитар Ковачевски за изградба на фотоволтаици по цена од 70 денари за м2.

Почна во Жолтата куќа за нелегална трговија со органи во Албанија, наводно како преведувач. Навивачот на Шверцерите подоцна стана и преведувач во холандската амбасада во Скопје, која го лансираше во политиката.

Учествуваше во нередите на скопско Кале, го демолираше Македонскиот народен театар со неговите навивачи. 

Нема зло и злоупотреба што Артан ги нема направено.

Она за што Груби ќе седне на обвинителна клупа е случајот „Државна лотарија“ која во негово владеење беше претворена во фирма подизведувач на ДУИ. Немаше ден медумите да не пишуваат за некој скандал поврзан со Лотарарија, а главни актери беа токму Груби и Перпарим Бајрами кој се уште е во бегство.

Тие двајца се осомничени за сторен криминал од 8 милиони евра преку нарачка на ВЛТ апарати. Груби како раководител на владината седница го одобрил барањето за ВЛТ апаратите иако знаел дека јавната набавка е незаконска и дека лотарија нема право самостојно да организира електронски игри на среќа.

Ревизијата покажа дека над 180 милиони денари или близу 3 милиони евра спорна, невалидна или неуредна документација оставиле Бајрами и Груби во Лотарија.

Груби од 9 декември 2024 е на Црна листа на САД поради „вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk