logo
logo
logo

Мицкоски за црвените линии на Филипче: Со нетрпение ја очекувам Декларацијата

Vecer | 11.09.2025

Мицкоски за црвените линии на Филипче: Со нетрпение ја очекувам Декларацијата

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека за Декларацијата за црвените линии, која ја најави лидерот на СДСМ, Венко Филипче, се надева дека откако ќе биде презентирана ќе има можност неколку дена детално да навлезе во суштината, целите и намерата на истата и како што рече „и ние како ВМРО – ДПМНЕ да учествуваме во дел од текстот на таа Декларација“.

-Јас со нетрпение ја очекувам Декларацијата, односно резулуцијата за црвените линии и тоа веќе го кажав. Се надевам дека се уште постои демократски капацитет во СДСМ, откако ќе ја презентираат да сочекаат, да и ние другите политички партии дадеме свое мислење за текстот на истата. Затоа што ако мислат дека ние априори ќе ја прифатиме, тогаш навистина јас сум збунет, бидејќи демократија така едноставно не функционира. Ти претставуваш нешто и другите акламативно го прифаќаат, тоа е во некои други времиња, коишто одамна завршија, изјави Мицкоски на новинарско прашање по посетата на ГОБ „8 Септември“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk