Првиот месец од годината традиционално носи најмногу денови за одмор. Веќе следната недела неработен за православните верници е 6 јануари (вторник) – Бадник, додека 7 јануари (среда), кога се слави Божиќ, е неработен ден за сите граѓани во Македонија.
По божиќните празници, верниците ги очекува уште еден неработен ден на 19 јануари (понеделник) за празникот Водици, што воедно е и првиот продолжен викенд за оваа година.
Според Законот за празници, еве ги останатите неработни денови за сите граѓани во 2026:
За сите граѓани на РМ:
• 1 јануари (четврток), Нова Година,
• 7 јануари (среда), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар,
• 20 март (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.
• 13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
• 1 мај (петок), Ден на трудот,
• 24 мај (недела), „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, • односно 25 мај (понеделник) е неработен ден,
• 2 август (недела), Илинден, односно 3 август (понеделник) е неработен ден,
• 8 септември (вторник), Ден на независноста,
• 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден,
• 23 октомври (петок), Ден на македонската револуционерна борба,
• 8 декември (вторник), „Св. Климент Охридски“.
За граѓаните од православна вероисповед
• 6 јануари (вторник), Бадник, ден пред Божиќ,
• 19 јануари (понеделник), Богојавление (Водици),
• 10 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
• 29 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден,
• 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед
• 6 aприл (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
• 1 ноември (недела), Празникот на сите светци,
• 25 декември (петок), првиот ден на Божиќ.
За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 27 мај (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.
За граѓаните припадници на албанската заедница
• 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука.
За граѓаните припадници на српската заедница
• 27 јануари (вторник), Свети Сава.
За граѓаните припадници на ромската заедница
• 8 април (среда), Меѓународен ден на Ромите.
За граѓаните припадници на влашката заедница
• 23 мај (сабота), Национален ден на Власите.
За граѓаните припадници на еврејската заедница
• 21 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.
За граѓаните припадници на бошњачката заедница
• 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците.
За граѓаните припадници на турската заедница
• 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата