logo
logo
logo

Се води истрага за уште 13 полицајци, запрена истрагата за 11 лица и двајца министри

ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 34 ФИЗИЧКИ И 3 ПРАВНИ ЛИЦА ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ

Vecer | 13.06.2025

ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 34 ФИЗИЧКИ И 3 ПРАВНИ ЛИЦА ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, соопшти дека денеска до Основниот суд во Кочани е поднесено обвинение против 34 физички и три правни лица за кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

– Денеска до Основен суд Кочани се поднесува обвинителен акт против 34 физички и три правни лица за кривични дела кои предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од поголеми размери, на место на кое се собрале поголем број луѓе, односно за пожарот при настапот на музичката група ДНК на 16 март, каде што животот го загубија 62 лица, 157 се здобија со тешки повреди и 54 лица со повреди – изјави Коцевски.

На почетокот од денешната прес-конференција во врска со истрагата за пожарот во Кочани, тој информираше дека е издадена наредба за истражна постапка и против 13 службени лица, полицајци поврзани со случајот.

За полицајците се бараат мерки за обезбедување на присуство, бидејќи при акциската контрола дозволиле употреба на пиротехника. Дополнително, постапиле и спротивно на прописите за заштита и одобриле акциска контрола во дискотеката.

За 13 осомничени полицајци од Штип и Кочани, се бараат мерки за обезбедување на присуство. Тие се гонат бидејќи при акциската контрола, не спречиле да биде активирана пиротехниката. Но, истовремено, постапиле и спротивно на прописите за заштита и одобриле акциска контрола во дискотеката.

„На 16 март, на место каде биле собрани поголем број на луѓе, не спречиле активирање на пиротехника на сцената каде настапила музичката група ДНК. Палењето не било пријавено во ПС Кочани, а од која пиротехника настанал пожарот. По што не преземале мерки за заштита на лицата во Пулс. Во текот на акциската контрола настанал пожар“, рече рече јавниот обвинител Љупчо Коцевски.

Тој рече дека тие се гонат за тешки дела против општата сигурност.

„Постои основано сомнение дека од 14 март 2025 година до 16 март 2025 година, на територијата на СВР Штип, осомничените како службени лица сториле кривично дело, тешки дела против општата сигурност. Истите како соизвршители не постапиле според прописите за заштита, одобриле план за акциска контрола за контрола на територија на Кочани, без да проверат дали се запазени одредбите од стандардните оперативни процедури за вршење полициски работи. Овој план кој бил изготвен врз основа на претходно изготвени планови, било постапено“, додаде Коцевски.

- Постапката се запира за 11 физички лица поради немање доволно докази за пожарот во Кочани, а во понатамошниот дел може ќе се обезбедат докази и постапката може да продолжи, изјави денеска на прес-конференција државниот обвинител Љупчо Коцевски.

Меѓу нив се и двајца поранешни министри за економија, но не прецизира кои се тие.

Појасни дека за едно лице постапката е прекината, за едно лице се прекинува затоа што се работи за веќе починат човек, а за другите може и да продолжи доколку се најдат дополнителни докази.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk