logo
logo
logo

Младите си заминуваат од државата

„Венко Филипче патува со редовна комерцијална авиолинија и НЕ ЗАМИНУВА ЗА ДУБАИ“

Vecer | 28.12.2025

„Венко Филипче патува со редовна комерцијална авиолинија и НЕ ЗАМИНУВА ЗА ДУБАИ“

Опозициската СДСМ попладнево реагираше со ново соопштение по објавите на социјалните мрежи во врска со патувањето на партискиот лидер Венко Филипче, откако беше споделена фотографија од него на аеродром.

Во соопштението се нагласува дека Венко Филипче патува со редовна комерцијална авиолинија и дека не заминува за Дубаи, како што се тврди на социјалните мрежи.

Од партијата додаваат дека тој не користи владин авион за приватни потреби, ниту пак изнајмува приватни летала.

Во соопштението иронично се наведува дека вестите што ги објавува ВМРО-ДПМНЕ наликуваат на реклами на туристичка агенција, со постојано спомнување дестинации како Дубаи и Венеција, како и визи и приватни летови, кои, според опозицијата, се недостапни за обичните граѓани без, како што велат, десетици тендери и милионски суми.

Во завршниот дел од соопштението, партијата нагласува дека, според нив, станува збор за уште еден обид за дефокус од актуелните теми, по, како што велат, неуспешниот обид за дестабилизација на СДСМ, изостанат одговор за наводите за криминал и корупција, ограничувањето на слободата на говор и договорот „мигранти за пари“.

Инаку, информацијата дека Венко Филипче бил забележан на аеродром се прошири на социјалните мрежи, каде се тврди дека тој заминува за Дубаи, каде би ја дочекал Новата година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk