logo
logo
logo

Со амин на државниот обвинител Љупчо Коцевски

ПОВЛЕЧЕНО ОБВИНЕНИЕТО ПРОТИВ ПАНДЕЛЕСКИ ВО „ИМПЕРИЈА“

Vecer | 05.02.2026

ПОВЛЕЧЕНО ОБВИНЕНИЕТО ПРОТИВ ПАНДЕЛЕСКИ ВО „ИМПЕРИЈА“

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во декември 2025 година го повлекло обвинението против бизнисменот Цветан Панделески во предметот „Империја“, дознава БИРН. Информацијата за медиумот ја потврдил Кривичниот суд во Скопје.

Обвинението го повлекол обвинителот Фатон Азизи, кој во доказната постапка оценил дека нема докази дека Панделески перел пари и измамил 150 акционери на „Бетон Штип“, меѓу кои и Кираца Трајковска, која беше поголем акционер.

Како што наведува БИРН, за повлекувањето на обвинението било разговарано на колегиум пред јавните обвинители на 10 декември, а согласност дал и поранешниот државен обвинител Љупчо Коцевски. По два дена, на 12 декември обвинението било повлечено.

Трошоците за судењето на Панделески ќе се платат од државниот буџет.

Со овој епилог, единствен обвинет во овој случај останува брокерот Јованче Тасковски.

Во предметот „Империја“ на поранешното Специјално јавно обвинитлество (СЈО) се гонеа 19 луѓе, кои завршија главно со спогодби и со повлечени обвиненија, а не со судења.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk