logo
logo
logo

Средба Стоилковиќ - Алиу: Тема на разговорот идната соработка, настапите на трети пазари, поддршка на стопанството

Vecer | 16.01.2026

 Средба Стоилковиќ - Алиу: Тема на разговорот идната соработка, настапите на трети пазари, поддршка на стопанството

Потпретседателот на Владата на РС Македонија, г. Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со в.д. претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), г. Нухи Алиу.

На средбата беше презентирана работата на Стопанската комора на Северозападна Македонија, нејзините тековни активности и идни планови, при што беше направена размена на искуства во насока на унапредување на економскиот развој, подобрување на деловната клима и поттикнување на регионалниот развој.

Во рамки на разговорите беа разгледани можностите за евентуална идна соработка во области од заемен интерес, со цел поддршка на стопанството, настап на трети пазари, регионална соработка и креирање услови за одржлив економски раст.

Средбата помина во конструктивна атмосфера и посебно беше истакната подготвеноста за понатамошна соработка, нагласувајќи ја важноста на отворениот дијалог и континуираната комуникација како основа за изнаоѓање практични и избалансирани решенија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk