logo
logo
logo

Шукова се откажа од градски изборен штаб за хуманитарна цел

Vecer | 07.10.2025

Шукова се откажа од градски изборен штаб за хуманитарна цел

Kандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, синоќа на митинг во општина Центар соопшти дека таа и кандидатите за советници одлучиле да се откажат од градски изборен штаб и тие пари да ги насочат во хуманитарни цели.

– Јас како кандидат за градоначалник и кандидатите за советници во Град Скопје се откажавме од градски штаб. Сите средства за работа на штабот ќе бидат уплатени за Домот за деца без родители на Град Скопје. Нашиот штаб е целиот град. Секоја улица, секое маало ќе ни биде штаб. Не ни треба градски штаб. Средствата се за тие на кои им се најпотребни – изјави Шукова.

Таа потсети на борбениот дух на Центар, како симбол на отпорот и граѓанската храброст.

– Во 2013 година, кога Македонија беше заробена во канџите на режимот, вие бевте симбол на пркосот и непокорот. Симбол на слободарскиот дух и борбата за слобода. Тука почна борбата за нашиот дом. И борбата ќе почне од тука, и за Скопје и за Македонија – рече Шукова.

Таа истакна дека оваа борба денес продолжува, не само за победа на изборите, туку за враќање на достоинството, за создавање модерно, зелено и хумано Скопје, град што ќе биде дом за сите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk