logo
logo
logo

ЛЕВИЦА ИЗБЕГА ОД ДОГОВОРЕНОТО - Алчни за пари го блокираат Изборниот законик, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 06.07.2026

ЛЕВИЦА ИЗБЕГА ОД ДОГОВОРЕНОТО - Алчни за пари го блокираат Изборниот законик, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Левица на чело со Димитар Апасиев намерно го блокира Изборниот законик, за, како што велат оттаму, алчност и политички театар.

Оттаму додаваат дека иако „на маса“ бил ставен договор во кој биле прифатени барањата на Левица, a сепак, партијата го блокира процесот.

„Апасиев повторно го погази зборот, алчни само за пари Левица го блокираат Изборниот законик. Левица и Димитар Апасиев  докажаа дека нивните зборови не вредат ништо кога ќе дојде време да се преземе одговорност. Иако со консенсуз од сите политички партии беше прифатено она што Димитар Апасиев и Левица го бараа, а тоа е повеќе пари за финансирање на кампањата од Буџетот, квази левичарите денес тој договор го поништуваат. Левица со денови јавно зборува за принципи, демократија и една изборна единица, а кога на маса беше ставен договор во кој беа прифатени нивните барања, решија да го блокираат процесот и Изборниот законик“, велат од владејачката партија.

За ВМРО-ДПМНЕ, целта на Левица е да креира вештачки кризи со цел да соберат политички поен плус наместо напредок, реформи и современ и функционален Изборен законик.

„Левица избра да се служи со провиден политички маневар иако фактите се јасни, беше постигнат широк политички консензус и беа прифатени решенија кои ги бараше и Левица. Левица избега од договореното, Апасиев се повлече и одлучи да го блокираат процесот. Граѓаните на дело го видоа лицемерието и двојните стандарди на Апасиев и Левица. Единствено што му е важно на Апасиев се повеќе пари, Апасиев едно зборува пред камерите, друго прави зад затворени врати глумејќи тврдокорен. Левица нуди само популизам. Левица нема решенија, Апасиев нуди само блокади“, велат оттаму.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk